Патронат на училиштето

Патронен празник ООУ „Христо Узунов“ – Охрид 2026 година

24.04.2026 година 49 години постоење, растење, развивање, неуморна и посветена работа на ООУ Христо Узунов. Главниот настан за одбележување на годишнината, се одржа на 23.04. 2026 со свечена прослава, посветена на нашиот Патрон Христо Узунов, со силна тема: “Корени што држат, крилја што растат”. Програмата ја отвори директорката на училиштето Марина Ѓоргоска, со говор во кој ја потенцира важноста на работата на наставниот кадар и нивното влијание во образовниот и менталниот развој на учениците, како и важноста на обликувањето на нивните личности за нивниот понатамошен живот и опстанокот на општеството. Во културно-забавниот дел учествуваа: – Ученици од 2ро одд. – под раководство на наставничките Елена Младеноска и Валентина Митреска – Ученици од 5то одд. – под раководство на наставничката Катерина Златева – Рецитатори: Ученици од 9то одд .под раководство на наставничката Оливија Пирузева Јанева – Оркестар и соло песни под раководство на наставникот Славчо Китановски – Хор: Ученици од 6то до 9то одд. – под раководство на наставникот Бојан Лушкоски – Преведувач на знаковен јазик: ученичката Анамарија Христовска – Техничка поддршка: наставничката Горица Дуцкиновиќ. Во полната сала одекнуваа стихови, песни, ноти и танцови волшебни покрети кои ти го разнежнуваат срцето, ти ја растреперуваат душата, ти ја ежат кожата, ти измамуваат по некоја солза од окото…Тоа беа нашите вредни ученици…Нашата гордост…Сите тие… Во секој изречен збор, во секој искажан и испеан стих, во секоја виртуозно исвирана нота, во секој танцов покрет е вткаено многу труд, голема одговорност, сериозност, многу љубов и верба во себе си дека можат, дека умеат, дека знаат … Многу почит, послушност и верба во своите наставници – нивните ментори, за што бескрајно сме им благодарни. Со нив се радувавме, со нив плачевме од среќа…затоа што беа наши ангели, наши души. До возрасните пренесоа силна порака дека Светот останува на младите и дека тие исправено стојат пред нив со срца што помнат и со раце што сакаат да градат…И свесни се дека никогаш не смеат да се откинат од корените кои ги држат, а тоа се нивните предци, нивното минато…Драги родители, бидете горди на овие златни деца…Синоќа нашето, но и Вашето срце беше преполно со гордост. Сигурни сме дека нашиот Патрон не гледа од својот вечен дом и се гордее со своите потомци. На нашите ѕвезди им посакуваме најсветла иднина…❤️👏☘️ Нека ни е честит Патрониот празник

Патронен празник на ООУ „ Христо Узунов “ – Охрид 2025 година

Во чест на својот патрон, учениците од ООУ „Христо Узунов“ приредија богата свечена приредба која се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“. Пред бројните ученици, родители, граѓани и гости од збратимените училишта, свое обраќање имаше директорката Марина Ѓоргоска. На свеченоста присуствуваше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски. Одбележан денот од смртта на Христо Узунов – Патрон на нашето училиште , вработените и учениците положија свежо цвеќе и се поклонија пред бистата на Христо Узунов. Беше одржан и историски час, на кој се зборуваше за ликот и делото на херојот. Наставниците по музичко образование Бојан Лушкоски и Славчо Китаноски, со хорот на училиштето, подготвија и пригодна програма, со која го одбележаа денот на своето училиште. Програмата ја подготвија наставниците заедно со своите ученици. Во овој прилог се дадени фотографии од свечената програма кои се одвиваа во ООУ „Христо Узунов“ и центар за култура во Охрид, со кои беше одбележан денот на Патрониот празник.

Патронат 2024 на ООУ „Христо Узунов“ - Охрид

ООУ „Христо Узунов“ го прославува својот Патронен празник. Одбележан денот од смртта на Христо Узунов – Патрон на нашето училиште , вработените и учениците положија свежо цвеќе и се поклонија пред бистата на Христо Узунов. Беше одржан и историски час, на кој се зборуваше за ликот и делото на херојот. Наставниците по музичко образование Бојан Лушкоски и Славчо Китаноски, со хорот на училиштето, подготвија и пригодна програма, со која го одбележаа денот на своето училиште. Програмата ја подготвија наставниците заедно со своите ученици. Во овој прилог се дадени фотографии од свечената програма кои се одвиваа во ООУ „Христо Узунов“ и центар за култура во Охрид, со кои беше одбележан денот на Патрониот празник.

Патронат 2023 на ООУ „Христо Узунов“ - Охрид

24 Април 2023, ООУ „Христо Узунов“ го прославува својот Патронен празник. Во рамките на прославата, вработените и учениците положија свежо цвеќе и се поклонија пред бистата на Христо Узунов. Беше одржан и историски час, на кој се зборуваше за ликот и делото на херојот. Воедно директорката Марина Ѓоргоска ги додели наградите на Првенецот на генерација – Мартин Трајчески и пофалениот ученик на генерација – Филип Кузески. Наставниците по музичко образование Бојан Лушкоски и Славчо Китаноски, со хорот на училиштето, подготвија и пригодна програма, со која го одбележаа денот на своето училиште. Програмата ја подготвија наставниците заедно со своите ученици. Во овој прилог се дадени фотографии од свечената програма кои се одвиваа во ООУ „Христо Узунов“ и центар за култура во Охрид, со кои беше одбележан денот на Патрониот празник.

Патронат 2021 на ООУ „Христо Узунов“ - Охрид

24 Април 2023, ООУ „Христо Узунов“ го прославува својот Патронен празник. Во рамките на прославата, вработените и учениците положија свежо цвеќе и се поклонија пред бистата на Христо Узунов. Беше одржан и историски час, на кој се зборуваше за ликот и делото на херојот. Воедно директорката Марина Ѓоргоска ги додели наградите на Првенецот на генерација – Мартин Трајчески и пофалениот ученик на генерација – Филип Кузески. Наставниците по музичко образование Бојан Лушкоски и Славчо Китаноски, со хорот на училиштето, подготвија и пригодна програма, со која го одбележаа денот на своето училиште. Програмата ја подготвија наставниците заедно со своите ученици. Во овој прилог се дадени фотографии од свечената програма кои се одвиваа во ООУ „Христо Узунов“ и центар за култура во Охрид, со кои беше одбележан денот на Патрониот празник.

Патронат 2020

Во време на ковид - 19 нашето училиште патронатот го одбележува со споделување виртуелни содржини

Денес, ОУ „Христо Узунов“ требаше да го прослави својот Патронат – достоинствено, во препознатлив стил, со свечена програма, учениците и вработените ќе му се поклонеа на својот Патрон и ќе го промовираа она со што ова училиште остави белег меѓу два патронати. Бидејќи се наоѓаме во време кога владее светската пандемија и живееме и твориме во вонредни услови поради вирусот КОВИД 19, училиштето не е во можност да ја одржи својата свечена програма, но сепак ќе го одбележи овој значаен ден на други начини.

Токму виртуелно во чест на Патронот, дел од училиштниот хор под раководство на наставникот по музичко образование Бојан Лушкоски пригодно секој од дома од карантинн, а пак заеднички ја изведоа и снимија своевидната химна на училиштето „Песна за Христо Узунов“.