Октомври – интернационален месец на дислексијата

0
Новости

Дислексија е  состојба која е поврзана со потешкотии при читањето и разбирање на прочитаното. Истражувањата покажаа дека во Македонија еден од десет ученици се соочуваат со овој проблем. Дислексијата како состојба најчесто прво ја забележува наставникот и токму тој е оној кој би требало „да му го олесни патот на учење“ на секој ученик.

ООУ „Христо Узунов“ како едно современо училиште кое на прво место ги става потребите на учениците активно работи на едуцирање на својот кадар и запознавање на средината со оваа состојба која и не е така ретка.

Во прилог ќе погледнете еден краток видео запис на наша ученичка која отворено и искрено зборува за својата дислексија, како и за поддршката која ја добива од страна на нашите наставници.

Видеото е дел од кампањата “Октомври месец на дислексија” на Здружението за дислексија Ајнштајн:

https://www.instagram.com/reel/CkEA71rKYQs/?igshid=YmMyMTA2M2Y%3D

Како поддршка за учениците кои се соочуваат со дислексија, а воедно и како поддршка за сите останатаи ученици кои имаат потешкотии со материјалот и со читањето ООУ „Христо Узунов“ – Охрид започна една пилот програма за поддршка на овие ученици.

Имено се работи за достапност на материјалот за учење во аудио верзија. За почеток програмата е имплементирана само во VI одд со план за проширување и во останатите одделенија.

Лекциите може да се најдат на нашата веб страна и да се користат не само од страна на децата со дислекција туку и од сите останати кои имаат потреба од аудио поддршка.