Излети и екскурзии: Во текот на учебната 2020/2021 година годинаќе се реализираат следните екскурзии и излети со учениците од прво до деветто одделение:
– Еднодневна екскурзија со учениците од трето одделение до Прилеп -Дводневна екскурзија со учениците од шесто одделение низ РСМ
-Тридневна екскурзија со учениците од деветто одделение низ РСМ -Петтдневна настава во природа во Крани-Ресен со ученици од петто одделение – Два еднодневни излети со учениците до блиската околина во септември и месец мај (Билјанини извори и месноста Горица)
-Едноднева екскурзија со ученици од седмо и осмо одделение на фестивал за слика и филм за деца и млади (БУФ) во Скопје во месец април–одговорен наставник Бојана Цветаноска
-Еднодневна екскурзија во Скопје со ученици од шесто и осмо одделение во посета на Францускиот институт на креативни работилници во октомври,ноември,март,април-одговорен наставник Билјана Трајкоска -Еднодневна екскурзија за посета на Парламентот во Скопје со ученици од осмо и деветто одделение во второ полугодиеодговорен наставник Соња Здравеска -Еднодневна екскурзија со ученици од шесто одделение за посета на Музејот на македонската револуционерна борба во Скопје –одговорен наставник Весна Целеска
-Еднодневна екскурзија до археолошиот локалитет Залив на коските со учениците од петто одделение-одговорни се одделенските раководители -Еднодневна екскурзија за посета на Природнонаучниот музеј во Струга со ученици од второ одделение-одговорни се одделенските раководители -Еднодневна екскурзија за посета на печатарската куќа Просветно дело и Кинотека во Скопје со ученици од шесто одделение одговорен наставник Билјана Чингоска
-Еднодневна екскурзија со посета на Аррхеолошкиот музеј во Скопје со ученици од шесто одделение-одговорен Весна Целеска
-Еднодневна екскурзија со посета на Етнолошки музеј во Скопје со ученици од шесто одделение-одговорен Весна Целеска
-Еднодневна екскурзија со посета на театар за деца и млади во Скопје со ученици од четврто одделение-одговорен Дијана Јулоска
Програмите за екскурзии во трето, шесто и деветто, како и наставата во природа се наоѓаат во прилозите на оваа програма и истите се во согласност со упатството за организирање и изведување на екскурзии и излети издадено од МОН. Пред реализација на екскурзијата или излетот се добива согласност од родителот за учество на нивното дете на излет или екскурзија. Учеството на ученикот на излет или екскурзија се запишува во додатокот на свидетелството.
Гостувањата се посебни воннаставни и воннучилишни активности кои се реализираат надвор од училиштето.Оваа учебна година наши ученици и вработени че гостуваат кај збратимените училишта од Крагуевац и Врање во Република Србија.Доколку се прифати апликацијата од ЕРАЗМУС+ К2, ке се реализира и гостување во соодветната држава според апликацијата.Училиштето има аплицирано и се чекаат резултати.
За оваа учебна година се предвидува да се реализира летен камп-школа за изучување на францускиот јазик доколку има заинтересирани ученици.