Во животот и работата на училиштето
Во училиштето функционира Совет на родители на паралелка и Совет на родители на училиште. Советот на родители работи според своја програма која е во прилозите на Годишната програма, нивните активности се насочени кон увидување и подообрување на просторните, материјално-техничките и инфраструктурните услови за работа во училиштето. Даваат идејни планови за организација на активности во училиштето, учествуваат во донесување на решенија и одлуки во интерес на сите субјекти во училиштето и реализиација на истите, во органиизирање на распоред за средби со родители и отворен ден за прием кој ќе бидат истакнати на видно место. Како најзастапени форми на училишна соработка со родители се појавуваат индивидуалните и групните родителски средби на ниво на одделение. Како и родителски средби на ниво на генерација. Родителските средби се на иницијатива на одделенски наставник, директор или на иницијатива на самите родители, поединечно или како совет на родители на паралелка или училиште.
Во процесот на учење
Родителите ќе се вклучат во процесот на давање мислења и сугестии за дополнување или измени на видовите планирања во училиштето, постојано ќе бидат информирани за наставниот процес преку континуирана соработка со Советот на родители, училишниот одбор, директорорт на училиштето, наставниот кадар, стручни соработници и ученици. Активно ќе севклучат во давање подршка на наставниците за олеснување на работата со учениците, со учениците со потешкотии во развојот и посебно ќе ги подржуваат соработките за напредување на надерените ученици и таленти. Исто така родителите ќе бидат вклучени во помош за прибирање на дидактички материјали, помагала и други наставни средства и материјали. Тие ќе даваат подршка на реализаторите за иновирање во наставата, ќе помагаат и при професионална ориентација на ученците.
Во активностите во училиштето Родителите ќе бидат активно вклучени во давање иницијативи за поуспешна реализација на СУА и другите воннаставни активности како: натпревари, екскурзии, приредби, манифестации, промоции, проекти, вклучување во сите активности од МИО и др.
Во донесување одлуки
Родителите активно ќе бидат вклучени во партиципацијата во училиштето, во давање на идеи, предлози и донесување одлуки преку совет на родители, ученичката заедница и Училишниот одбор.
Едукација на семејството
Родителите ќе се едуцираат во текот на учебната година преку следните следните активности:
- Советување на родители за стилови на родителство- носител е психолог во училиштето
- Јакнење на капацитетите на родителите за советување на своите деца –- носител е педагогот во училиштетo.
- Советување на родителите за јакнење на нивните капацитети за помош на децата со ПОП – носител дефектологот во училиштето.
- Печатени материјали со едукативна содржина наменети за родители на родителски средби или поединечно по потреба.