За учениците што покажуваат особен успех по одделни наставни предмети се организираат натпревари на општинско, регионално и државно ниво. Оваа учебна година како и секоја претходна на полето на натпреварите училиштето ќе се вкучи активно со учество на разни натпревари, конкурси и сл. Со учество на натпреварите се поттикнува натпреварувачкиот дух кај учениците, нивната креативност, амбиција, се јакне самодовербата кај учениците и сл. Наставниците се ментори на овие ученици и менторирањето се одвива на часовите за додатна настава.