Дополнителна настава се организира по барање на ученикот,родителот или по проценка на наставникот кој го информира родителот за потребата од ваков вид настава со ученикот во рок од 3 дена од констатирањето на потребата, како и за распоредот кога таа ќе се одржува. Родителот дава согласност ученикот да следи дополнителна настава.
Дополнителна настава се реализира за учениците од второ до деветто одделение кои во текот на редовната настава не ги постигнале очекуваните резултати од одреден предмет или тема од предметот,ако ученикот има недоволна оценка,ако ученикот подолго време отсуствувал како и кај ученици со потешкотии.
Учениците од второ до петто одделение може да посетуваат дополнителна настава по 1 час неделно за најмногу два предмети, додека учениците од шесто до деветто одделение по 1 час неделно за најмногу до 3 предмети.
Дополнителната настава трае додека ученикот не ги постигне очекуваните резултати.
Наставникот ја планира дополнителната настава со 1 час неделно за наставен предмет за цела учебна година согласно потребите на учениците.Групата за дополнителна настава е најмногу до 10 ученика.Работата на дополнителната настава е индивидуална и индивидуализирана.Групна работа е можна доколку сите ученици имаат иста потешкотија од одреден предмет.
Реализацијата на дополнителната настава се евидентира во педагошката евиденција за дополнителна настава.
Училиштето на месечна основа изготвува распоред за одржување на дополнителна настава и тој е истакнат на огласна табла и на веб страната на училиштето.
Додатана настава се организира за ученици кои постигнуваат значителни резултати по одреден предмет и покажуваат особен интерес за проширување на знаењата.Се организира за учениците од второ до деветто одделение и тоа за напредни ученици кои имаат највисока оцена од наставниот предмет,ученици кои пројавуваат интерес и ученици кои се пријавуваат за натпревар.
Наставникот ја планира додатната настава по 1 час неделно за предмет цела учебна година.Наставникот му ја нуди додатната настава на ученикот,а ученикот во договор со родителот одлучува дали ќе ја посетува.Групата за додатна настава треба да изнесува најмногу до 10 ученици.Програмата за додатна настава наставникот ја изготвува заедно со ученикот.Таа се изведува индивидуализирано и при тоа се користат методи од повисоко ниво како што се истражувања,учење со откривање,решавање проблеми и др.Наставникот води педагошка евиденција за реакизацијата на додатната настава.
Доказите за напредокот на ученикот од дополнителната и додатната настава наставникот ги чува во портфолиото на ученикот.
Училиштето на месечна основа изготвува распоред за одржување на дополнителна и додатна настава и тој се истакнува на огласна табла и на веб страната на училиштето.