Важно е тинејџерот да биде ментално здрав за да се развива,да воспоставува силни односи со другите и да ги надминува предизвиците.
Родители треба да знаете дека:.
-Силните односи исполнети со љубов што детето ги остварува со вас имаат директно и позитивно влијание врз неговото ментално здравје.
-Грижата за физичкото здравје е клучна за доброто ментално здравје.Поттикнете го вашето дете да биде активно,здраво да се храни,редовно да спие и да избегнува алкохол и дрога.
-Ако ве загрижува менталното здравје на вашето дете,за почеток разговарајте со него за тоа.
Што се подразбира под ментално здравје?
Под ментално здравје се подразбира општото социјално и емоционално здравје.Вашето дете треба да има добро ментално здравје за правилно да се развива,да воспоставува силни односи со другите,да се приспособува на промените и да ги надминува животните предизвици.
Родители,треба да знаете дека:
-Тинејџерите што се ментано здрави обично се попозитивни и уживаат во животот
-Имаат поздрави односи со семејството и пријателите
-Физички се активни и здраво се хранат
-Учествуваа во активностите
-Свесни се за своите успеси
-Можат да се опуштат и добро да се наспијат
-Имаат чуство за припадност во својата заедница
Кога се работи за можна појава на проблеми со менталното здравје,адолесцентскиот период знае да биде ризичен.Покрај влијанието од опкружувањето и генските предиспозиции,тинејџерите во овој период поминуваат низ многубројни промени и се среќаваат со низа предизвици и при тоа нивниот мозок созрева.
Како да се унапреди менталното здравје на тинејџерите?
Вашата грижа и поддршка како и силниот однос кој детето го остварува со вас,имаат директно позитивно влијание врз неговото метално здравје и со тоа може да се намали шансата кај детето да се појави некој проблем.Еве неколку идеи како да го унапредите менталното здравје на вашето дете:
-Дајте му љубов на вашето дете,искажувајте ги вашите чуства и бидетет грижливи
-Покажете му на своето дете дека неговиот живот ве интересира
-Пофалете го неговиот труд,добрите особини,успеси и ценете ги неговите идеи
-Уживајте во заедничките моменти,само со детето или со целото семејство
-Поттикнете го детето да зборува со вас за своите чуства.За детето е важно во тешките моменти да знае дека може да ви се обрати и заедно да најдете решение за некој проблем
-Решавајте ги проблемите штом ќе се појават,пред да се влошат
-Ако сте загрижени,зборувајте за тоа со лице од доверба,како што се членови на семејството,пријателите,лекар,наставниците или стручните лица во училиштето
Знаци дека на вашето дете му е потребна помош
Нормално е тинејџерите некогаш да не се расположени,да им недостига мотивација и да не можат да спијат.Но,ако забележите дека некои симптоми траат повеќе недели,треба да побарате професионална помош.
Ова се знаци што можат да укажат дека детето можеби има проблеми со менталното здравје:
-Изгледа нерасположено,се чувствува нерасположено,плачливо е и му недостига мотивација
-Тешко му е да ги совлада секојдневните активности
-Има изненадувачки ,најчесто од ништо предизвикани промени во однесувањето
-Има проблеми со исхраната и спиењето
-Го расипува просекот на училиште или одеднаш одбива да следи настава
-Избегнува пријатели или социјални контакти
-Се жали на физичка болка,на пример главоболка,болка во стомакот или во грбот
-Агресивно е или антисоцијално,на пример избегнува часови,има проблеми со полиција,се тепа или краде
-Анксиозно е,губи на тежина
Ако детето често има црни мисли или размислува за самоповредување,веднаш треба да се побара професионална помош.
Како да разговарате со детето за менталното здравје?
Ако ве загрижува менталното здравје на вашето дете,за почеток мора да разговарате со него за тоа.Не чекајте проблемот да помине сам од себе.Разговарајте со него за неговите емоции,со тоа му покажувате дека не е само и дека ви значи.Ако надетето му е потребна професионална помош,вие мора да му помогнете да ја најде.
Еве неколку идеи како да го поттикнете вашето дете да ви каже што чуствува:
-Кажете му дека и возрасните имаат проблеми кои не можат секогаш сами да ги решат.Истакнете му дека полесно е да се најде решение на проблемот кога некој ве подржува
-Кажете му дека е нормално и младите луѓе да се грижат,да бидат под стрес или да се грижат и дека не е лесно секогаш да се зборува за сопствените мисли или чуства
-Кажете му дека е полесно да се согледаат и разберат сопствените чуства ако се разговара за нив.Објаснете му дека возрасните имаат повеќе искуство и можат полесно да најдат решение на некој проблем
-Ако детето не сака да разговара со вас,предложете му да разговара со некоја личност,нему блиска ,во која има доверба (роднина,пријател,наставник,лекар и др.)
-Објаснете му дека разговорите со тие лица се доверливи и нема да ги откријат на други,освен ако постои опасност за безбедноста на детето
-Нагласете му дека детето не е само и дека ќе бидете секогаш тука кога ќе биде подготвено да разговара
Ако на детето му кажете дека нешто не е во ред со него,тоа можеби ќе ја одбие вашата помош.Младите не сакаат да бараат помош.Бо тој случај кажете му на детето дека сте загрижени и дека ќе барате помош од стручно лице.Пробајте да го поттикнете да ви се придружи,а ако одбие,тогаш помошта побарајте ја сами.Ако не знаете што да правите,за почеток обратете се на лекар или на училишниот психолог, или на стручно лице од некоја доверлива организација која помага на млади луѓе.Тие најдобро знаат и по потреба може да го упатат детето на повисока стручна помош.
Како да се најде помош кога детето има проблеми со менталното здравје?
Проблемите со менталното здравје нема да исчезнат сами од себе,затоа е неопходно што порано да се најде професионална помош.Лошото ментално здравје и запоставувањето на проблемите на детето можат да влијаат врз развојот и квалитетот на животот на детето,неговото физичко здравје учењето,односите со другите...
Професионална подршка за проблемите на вашето дете може да ја добиете од:
-лекар
-училишниот психолог/педагог
-психолог во здравствена установа
-психијатар или други експерти кои работат во болниците
Давањето поддршка на детето кое се бори со проблеми поврзани со неговото ментално здравје знае да биде тежок процес како за самото дете,така и за родителите.Ако не знаете кому да се обратите,лекарот или психологот ќе ви каже како да најдете соодветна помош.Никој не виновен и никој не треба да се обвинува за лошото ментално здравје.Треба само да му се помогне на детето да има квалитетен живот.
Психолог
Благородна Степановска
ООУ,,Христо Узунов”
Охрид