Настава по задолжителни предмети

Настава по задолжителни предмети

Најчеста и најдоминантна форма на образовна работа во училиштето е задолжителната настава.
-Задолжителната настава се организира според наставниот план за основно образование даден од БРО како и насоките зацртани во него.
-Задолжителната настава ќе се конкретизира и реализира со годишни, тематски и дневни планирања односно долгорочни,среднорочни и краткорочни планирања.Сите наставници навреме ги доставуваат планирањата.
-Наставата се одвива во две смени,часот трае 40 минути.
-Часовите се изведуваат по принцип на матични училници ,а по одредени специфични предмети се одвиваат во специјализирани кабинети.
-Во нашето училиште ,прв странски јазик од прво до деветто одделение е англискиот јазик, додека како втор јазик во се изучува Француски јазик и Германски јазик.
-Распоредот на часови за предметна и одделенска настава навремено се изработува .
-Доколку наложат потребите, наставата може да се одржува и преку далечинско учење со користење на електронските комуникации меѓу учениците и наставниците,а според Концептот за организирање систем за образование од далечина донесено од МОН.
-Следењето на наставата го врши директорот на училиштето и стручните соработници според однапред изготвен план.По посетата на часови директорот изготвува препораки и забелешки кои се ставаат во професионалното досие на наставникот.Исто така следење и вреднување на наставникот може да изврши и БРО на начин кој го утврдува МОН.