За нас

Мисија

Ние сме современо и ефективно училиште кое на своите ученици им овозможува еднакви можности за учење, развивање и напредување во чекор со современите трендови во образованието, науката, техниката и технологијата.
Ние обезбедуваме пријатна средина која се грижи за индивидуалниот, творечкиот и креативниот развој на учениците.
Училиштето негува и развива дух на почитување на сите етнички заедници во државата.

Визија

Ние образуваме и воспитуваме личности со јасна цел да одговорат на предизвикот на иднината, личности оспособени да го изберат својот пат и да напредуваат по тој пат самостојно, да ги препознаат вистинските вредности во животот, личности исполнети со самодоверба, знаења и умеења да чекорат здраво кон животот и да претставуваат подршка на нашата татковина и на нејзиниот напредок.
Ние воспитуваме во духот на поттикнување и развивање на почитување на другите, различните етнички заедници и дух на соработка и помагање меѓусебе

Продолжен престој

Во нашето училиште се организира продолжен престој за учениците од прво до трето одделение. Нема услови за организирање таков престој за учениците од четврто и петто одделение. Тој се организира во две смени и во две групи. Со учениците работат две наставнички и нив им помагаат ангажирани наставници од Локалната самоуправа. Упатството за работата на Продолжениот престој го донесува МОН на предлог на БРО. Програмата за работа на Продолжен престој на учениците се наоѓа во Прилозита на оваа Годишна програма.

Едукација

Едукација

Учество во проекти

Оваа учебна година ученици од осмо и деветто одделение ќе бидат вклучени во реализација на активности од Проектот за демократско учество на учениците кој се реализира преку БРО. Одговорни наставници се Соња Здравеска и Јованка Анѓелкоска наставници по Граѓанско образование. Исто така во проектот се вклучени педагогот Дијана Јулоска и наставничката по информатика и техничко образование Елена Србиноска.
 Исто така доколку оваа учебна година се прифати апликацијата од ЕРАЗМУС+, наши ученици ќе бидат вклучени во тие активности. Одговорен наставни е Елена Нически наставник по Англиски јазик и Дијана Јулоска-педагог.

Број на ученици
0
Број на вработени
0
Број на одделенија
0
Број на паралелки
0