Подрачја на промени, приоритети и цели

ПОДРАЧЈА НА ПРОМЕНИ, ПРИОРИТЕТИ И ЦЕЛИ

Врз основа на реализираната самоевалуација за периодот од 2019 до 2021 та година и Развојниот план за период од 2018-2022 год. се определија јаки и слаби страни и се утвдрија следните стратешки цели и подрачја на промени кои ќе бидат цел на реализација за следниот период:

- Стратешки цели:
1.Подобрување на условите за квалитетно изведување на наставата
2.Подобрување на квалитетот на наставата во предметна настава
3.Подобрување на инфраструктурата во училиштето


- Подрачја на промени
По извршената самоеваулација во училиштето се детектираа следните приоритети:
1.Набавување на нагледни средства и дидактички помагала за квалитетно изведување на наставата, како и потрошен материјал
2.Доопремување со ИКТ технологија
3.Овозможување на стабилна интернет конекција
4.Организирање на повеќе воннаставни активности во училиштето
5.Мотивирање на учениците од предметна настава преку примена на активни форми,методи и техники во наставата
6.Подобрување на инфраструктурата во училиштето
7.Работа на анализа на успехот на учениците според пол и етничка припадност
8.Откривање на влијанието на неоправданите изостаноци со социоекомската положба на учениците
9.Едуцирање на наставниците за иготвување Личен план за професионален развој
10.Реализирање на интерни обуки за наставниците според Професионалниот план за развој во училиштето
11.Обезбедување финансиски средства и спонзорства за обуки,семинари и конференции од приватни провајдери ,во или надвор од градот , со цел професионален развој на наставниот кадар
12.Донесување процедура и правилник за наградување и признание на наставниците за постигнати резултати и афирмирање на училиштето
13.Поголема транспарентност во работата на органите на раководење и управување
14.Доследно почитување на Правилникот за куќен ред од сите вработени и ученици
15.Подобрување на хигиената во училиштето
16.Одговорно извршување на дежурството кај дел од наставницте
17.Поголема вклученост на родителите во проекти кои се реализираат во училиштето

Врз основа на увидот во фактичката ситуација и следејќи ги потребите и интересите на учениците во учебната 2020/2021 година ги издвојуваме следните приоритети:
1. Организирање на повеќе воннаставни активности во училиштето
2. Подобрување на инфрастуктурата во училиштето-промена на дограмата и подовите во училиштето и санитарните јазли

-Цели на приоритетите
1.Задоволување на потребите на учениците,нивно активно вклучување во воннаставните активности,овозможување секој ученик да биде вклучен во воннаставните активности со цел училиштето да биде место за социјализација на учениците и привлечна средина за учење,да се поттикне дружењето меѓу учениците.
2.Подобрување на условите за непречено одвивање на наставниот процес,енергетска ефикасност,подобрување на естетскиот изглед на училиштето и неговиот внатрешен простор,грижа за здравјето на учениците
-Активности согласно приоритетите
-организирање краткотрајни воннаставни активности (излети,екскурзии.еднократни работилници,акции во училиштето или заедницата)
-организирање подолготрајни воннаставни активности (секции,клубови)
-организирање еднократни воннаставни активности (учество во проекти од МОН,БРО и сл.)
-организирање посебни воннаставни активности (гостувања,кампови,школи)
-промена на дограмата ,подовите и санитарните јазли во училиштето