Работилници

Еднократни работилници

Вакви работилници се реализираат во зависност од потребите,а заради превенирање или реагирање на определена состојба. Во нашето училиште оваа учебна година ќе се реализираат неколку такви работилници и тоа:

-изработка на новогодишни украси (ќе учествуваат учениците од прво до петто одделение)

-предавање за заштита од секаков вид насилство ( за ученици од шесто до деветто одделение)

-предавање за сообраќајна безбедност во околината на училиштето (за учениците од прво и второ одделение)

Предвидената еднократна работилница се објавува на огласната табла во училиштето и на веб страната.