🎓 Гордост на генерацијата 2025/26 Со особена гордост истакнуваме успесите на нашите ученички, кои со својата посветеност, знаење и одговорност оставија траен белег во животот на нашето училиште. 🌟 Ана Ничевска – Првенец на генерација, признание заслужено со континуирана извонредност, истрајност и љубов кон знаењето. 🌟 Александра Петреска – Пофалена ученичка, пример за трудољубивост, зрелост и постојан стремеж кон успех. Нивните достигнувања се потсетник дека секој голем успех започнува со мал чекор, голем сон и верба во сопствените можности. Им посакуваме храбро да чекорат кон нови предизвици, да ги следат своите соништа и да продолжат да блескаат каде и да ги однесе животниот пат. Честитки за успехот и среќна иднина!
Денес, 24 Април, ООУ „Христо Узунов“ го прославува својот Патронен празник. Во рамките на прославата, вработените и учениците положија свежо цвеќе и се поклонија пред бистата на Христо Узунов. Со сите протоколи кои соодветствуваат на актуелната состојба, беше одржан и историски час, на кој се зборуваше за ликот и делото на херојот.
Воедно директорката Оливија Пирузева Јанева ги додели наградите на Првенецот на генерација – Наталија Танеска и пофалените ученици на генерација – Марија Зороска, Атина Рувинова, Ана Јорданоска и Бојана Цветкоска.
Борче Исакоски-Првенец на генерација за континуиран одличен успех и високи достигнувања во воннаставните активности во ОУ,,Христо Узунов”.
Горазд Блажески-Пофален ученик за континуиран одличен успех и воннаставни активности во ОУ,,Христо Узунов”.
Борче и Горазд се најдобрите од генерацијата 2019/2020. Им посакувам да продолжат да чекорат успешно во животот, амбициозно, храбро и мудро да се соочуваат со сите предизвици и да израснат во зрели и успешни личности, со кои ќе се гордеат нивните родители и ние, како наставен кадар од училиштето, кои имавме придонес во нивното основно образование и воспитание.
Директор:
Оливија Пирузева Јанева