Проекти

Учество во проекти

Ова е еднократна воннаставна активност во која по потреба се вклучуваа и учениците.Оваа учебна година ученици од осмо и деветто одделение ќе бидат вклучени во реализација на активности од Проектот за демократско учество на учениците кој се реализира преку БРО. Одговорни наставници се Соња Здравеска и Јованка Анѓелкоска наставници по Граѓанско образование. Исто така во проектот се вклучени педагогот Дијана Јулоска и наставничката по информатика и техничко образование Елена Србиноска

Исто така доколку оваа учебна година се прифати апликацијата од ЕРАЗМУС+, наши ученици ќе бидат вклучени во тие активности. Одговорен наставни е Елена Нически наставник по Англиски јазик и Дијана Јулоска-педагог

Отворен ден на демократијата 2019 и 2021 - активности кои се составен дел од Проектот за демократско учество на учениците подолу кликнете соодветно за да ги видите активностите на учениците

Отворен ден за граѓанско образование 2021 год. на тема: „Врсничкото насилство низ призмата на учениците“ ООУ „Христо Узунов“ - Охрид



Отворен ден за граѓанско образование на тема: „Врсничкото насилство низ призмата на учениците“ ООУ „Христо Узунов“ - Охрид

На ден 30.03 2021 учениците од ООУ „Христо Узунов“ – Охрид го одбележаа отворениот ден за граѓанско образование со цел - зајакнување на демократската клима во училиштето, поттикнување на одговорноста кај учениците за состојбите и условите во училиштето и заедницата и зајакнување на нивната иницијативност за преземање активности за позитивна промена. Активности беа на тема насилство меѓу младите (врсничко насилство и насилство на интернет). Имавме можност да проследиме многу креативни презентации, стрипови, постери поврзани со разни видови насилство.

Одговорни наставници по граѓанско образование: Соња Здравеска и Јованка Анѓелкоска

Реализатори и учесници: ученици од VIII и IX одделение како и наставниците

Соња Здравеска и Јованка Анѓелкоска, педагогот Дијана Јулоска како и наставничката по информатика Елена Србиноска

Агенда

1.Краток цртан филм за Сајбер насилство

2.Презентација за сајбер насилство

3.Постери

4.Книгата за Лана

5.Видео со 10 препораки за спречување на насилство

6.Краток стрип

7.Презентација СТОП за насилството

8.Кратки драмски текстови – ситуации на насилство

9.Онлајн настава во услови на пандемија

10.Осврт на спроведената анкета во училиштето за сајбер насилството

11.Насоки и планови за понатамошни активности и планови за спречување на насилството во училиштето.