Во далечната 1977 година на 7 Ноември-Денот на ослободувањето на Охрид на свечен начин отпочна со работа ООУ ,,Христо Узунов” во Охрид.Од тој ден постојано се слуша жагорот,веселата смеа и песна на илјадници ученици,генерации идни градители на нашето општество.
Изградено е на солидарна основа, по пат на местен самопридонес од работните луѓе и граѓаните на Охрид за само 9 месеци о тогашното ЕМО –Охрид.
Зградата на училиштето е проектирана на простор одреден за изградба на училиштето во месноста Горна Влашка маала,на аголот помеѓу улиците ,,Марко Нестороски” и ,,Питу Гули”, со вкупна расположлива површина од 11.884 м2.
На почетокот ,започна со работа со вкупно 31 паралелка и 1.173 ученици од прво до осмо одделение, а целосното залагање на вработените за кратко верме придонесоа училиштето да се стекне со свој имиџ и да се вброи меѓу најуспешните во општината и пошироко.Така, од страна на тогашниот Завод за школство,училиштето во конкуренција на 9 основни училишта ,двапати беше прогласувано за најдобро.
Во состав на училиштето од учебната 1978/79 год.работеа подрачните единици во населбата Радојца Новичиќ и селото Лакочереј,се до учебната 1985/86 година кога се формира новото ОУ,,Кочо Рацин”.
Училиштето е носител на бројни признанија,дипломи,пофалби,плакети и награди.
Во 1989 година извршена е надградба на дел од училиштето со што се решиле проблемите со недостиг на простор, а заради наглата миграција од село во град која придонесе да се зголеми бројот на паралелки и ученици во нашето училиште.