Изборна настава
Со изборните предмети им се овозможува на учениците да се надградуваат,да ги продлабочуваат и систематизираат своите знаења од определена област.Постапката за избор е согласно процедурите.
Во согласност со наставниот план за основно образование и постоечките законски прописи , учениците од четврто до деветто одделение заедно со своите родители преку анкета ќе изберат изборни предмети што ќе ги изучуваат.
Во нашето училиште изборна настава се изведува по следните предмети и одделенија:
- четврто и петто одделение – Творештво со 1 час неделно
- шесто одделение- Запознавање со религиите со 2 часа неделно
- седмо одделение- Техничко образование и Проекти од музиката со 2 часа неделно
- осмо и деветто одделение- Проекти од информатиката со 2 часа неделно