Патронен празник на ООУ „ Христо Узунов “ – Охрид 2025 година

0
Соопштенија

Во чест на својот патрон, учениците од ООУ „Христо Узунов“  приредија богата свечена приредба која се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Пред бројните ученици, родители, граѓани и гости од збратимените училишта, свое обраќање имаше директорката Марина  Ѓоргоска.

На свеченоста присуствуваше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.

Одбележан денот од смртта на Христо Узунов – Патрон на нашето училиште , вработените и учениците положија свежо цвеќе и се поклонија пред бистата на Христо Узунов.

Беше одржан и историски час, на кој се зборуваше за ликот и делото на херојот.

Наставниците по музичко образование Бојан Лушкоски и Славчо Китаноски, со хорот на училиштето, подготвија и пригодна програма, со која го одбележаа денот на своето училиште.

Програмата ја подготвија наставниците заедно со своите ученици.

Во овој прилог се дадени фотографии од свечената програма кои се одвиваа во ООУ „Христо Узунов“ и центар за култура во Охрид, со кои беше одбележан денот на Патрониот празник.

Исто така продолжува  традицијата и оваа година по втор пат за патрониот празник се одржаа фудбалски натпревари помеѓу наставници и ученици .

Во овој прилог се дадени фотографии од фудбалските натпревари :