Денес, ОУ „Христо Узунов“ требаше да го прослави својот Патронат – достоинствено, во препознатлив стил, со свечена програма, учениците и вработените ќе му се поклонеа на својот Патрон и ќе го промовираа она со што ова училиште остави белег меѓу два патронати. Бидејќи се наоѓаме во време кога владее светската пандемија и живееме и твориме во вонредни услови поради вирусот КОВИД 19, училиштето не е во можност да ја одржи својата свечена програма, но сепак ќе го одбележи овој значаен ден на други начини.
Токму виртуелно во чест на Патронот, дел од училиштниот хор под раководство на наставникот по музичко образование Бојан Лушкоски пригодно секој од дома од карантинн, а пак заеднички ја изведоа и снимија своевидната химна на училиштето „Песна за Христо Узунов“.
Токму нашето училиште го носи името на револуционерот Христо Узунов маркантна личност од македонската историја и наш сограѓанин.
Оваа година се одбележуваат 115 години од неговата херојска смрт. Роден е на 22 октомври, 1878 година, во патриотско, охридско семејство, во немирно и бунтовно време. За Узунов како херој, хуманист и идеолог кажуваат неговите зборови запишани во писмото, упатени кон својата мајка: “Мила ми мајко, јас сум прв твој син и мој долг е да бидам околу тебе, но маките на татковината се поголеми од сите страдања на секоја наша мајка. И јас – без и најмалку да те навредувам, се чувствувам повеќе син на втората ми мајка – Македонија. Те молам во името на моите свети чувства кон тебе – да не жалиш, ни да плачеш за мене. Најзадоволен ќе бидам ако со своето држење бидеш пример на другите мајки и сопруги”. Неговиот саможртвен подвиг на 24 април, 1905 година со почит, капа во раце и со стрелба со почесен плотун бил поздравен од непријателот.
Од пред 43 години Училиштето достојно го носи неговото име. Тоа во текот на своето постоење си создаде сопствен белег, претпознатлив во опкружувањето. Но секако дека со светот кој интензивно се менува во поглед на квалитетот на знаење и организацијата на образованието и ова училиште се менува, посебно во рамките на содржината и методите на образование.
Она што го прави ова училиште ефективно е тоа што сите ние се водиме од начелото на професионализам, ставајќи ги интересите на училиштето, односно неговата мисија и визија пред сите други интереси. Имаме високи очекувања од себеси и поставуваме високи стандарди во работењето, вклучувајќи го и однесувањето, согласно професионалните кодекси. Ние сме тие што придонесуваме училиштето да се справи со предизвиците на кои секојдневно е изложено и се поддржуваме себеси и учениците во постигнувањето на поставените цели. Сите се грижиме за впечатокот кој заеднички го оставаме во околината. Она што не движи е гордоста и чувството за успех кое доаѓа од стремежот за постигнување на крајната цел, а тоа е високо ниво на квалитет.
Со ваков принцип на работа училиштето подготвено се вклучува во повеќе проекти со што идејата и желбата за современа настава која од секогаш била императив за училиштево, стана реалност. Доказ за сето тоа се бројните резултати на општинските, државните и меѓународните натпреварувања, конкурси и проекти. Сето ова докажува дека ОУ „Христо Узунов“ е институција во која работи високообразован наставен кадар, со професионален однос, инвентивност и креативност, подготвен за промени и усовршување, како и институција во која учат вредни, одговорни, креативни и успешни ученици. Сите ние се носиме рамо до рамо со модерните, современите текови на денешното живеење што е од непроценливо значење за градењето на иднината на нашите ученици. Иднина во која тие ќе се индивидуалци кои ќе знаат да ги ценат вистинските вредности. Со таа цел сите заедно пулсираме во едно, градејќи ја сликата на оваа реномирана воспитно-образовна институција.

Директор,
Оливија Пирузева – Јанева
Посветено на нашиот патрон Христо Узунов – 115 год. од неговата херојска смрт
Ликот и делото на нашиот патрон Христо Узунов е лик кој историјата и генерациите ќе го паметат како една светла и маркантна личност во тешките и мрачни денови во времето на османлиското владеење.
Роден е на 22-ри Октомври 1878год. во патриотско семејство во Охрид. Уште од својата рана младост ги следи чекорите на својата мајка Анастасија, и тргнува по патот кој бара жртви и крв.
По завршувањето на основното училиште во Охрид, заминува за Солун и се запишува на педагошката школа. По завршувањето на педагошката школа се враќа во Охрид и станува учител.
Како учител дење работи со учениците, а во вечерните часови со возрасните, каде и теоретски и практично ги спроведуа идеите и принципите на организацијата. Ги извршува сите задачи кои му биле зададени од организацијата. Неговата дејност е забележана од османлиската власт и неколку пати е затваран, но и во затворот не мирува. И тука дејствува меѓу затворениците. Неговиот лик станува омилен меѓу своите соборци. Учествува на Смилевскиот конгрес каде е назначен за началник на Горското начелство за Охрид и Охридско.
За време на Илинденското востание, Узунов е на чело на востаничките чети. Востанието оставило пустош во Охрид и Охридско, а Узунов останува сам меѓу народот, сочуствува со неговите маки и страдања и се обидува да го смири народот. За дејноста на Узунов, била заинтересирана османлиската власт и барале момент за негово ликвидирање. Користејќи се со предавство успеале да дознаат за пристигнувањето на Узунов во селото Цер Кичевско. Неговата чета од 11 млади момчиња на чело со војводата Узунов уште во ранити утрински часови на 24.04.1905 била опколена од многуброен турски аскер. Узунов и овој пат не потклекнува пред судбоносниот лик, туку излегува пред своите соборци со зборовите: „Борба чекавме момчиња, затоа излеговме, овде ли ќе биде или понатаму за нас е сеедно, борба е. Бидете храбри.‘‘
Сред грмежите и чадот се одвивала една потресна трагедија, една возвишеност на храбрите, една драма на саможртвен подвиг. Единаесет млади момчиња, заедно со својот војвода, го прекратиле својот живот, несакајќи да паднат во рацете на аскерот. А Турскиот кајмакам гледајќи ја потресната слика, заповедал стрелба за почест и поздрав со зборовите: „Војници, гледајте, така умираат хероите! Со својата смрт докажаа дека се борци за правда и маченици за слобода. Вистински херои се овие луѓе‘‘. Саможртвата на Узунов силно одекна меѓу напатениот македонски народ. Беше пример за непокор и надеж.
Вековниот стремеж и сон на нашиот патрон Христо Узунов и сите оние кои го положија живото на олтарот за слободата, се остварува денес. Македонија стана триесета членка на НАТО и ги започна преговорите за членство во големото Европско семејство со што им ја оддаваме сета почит кон делото за кое го жртвуваа својот живот.
Вечна слава на нашиот патрон Христо Узунов и неговите соборци.
Заменик директор,
Весна Целеска