Листа на соопштенија

Упис на првачиња

ИЗВЕСТУВАЊЕ СЕ ИЗВЕСТУВААТ РОДИТЕЛИТЕ ДЕКА УПИСОТ НА ПРВАЧИЊА НА 26.05. 2026 ( ВТОРНИК), ЌЕ ТРАЕ ДО 13. 00 ЧАСОТ, ДОДЕКА ОСТАНАТИТЕ ДЕНОВИ ПРОДОЛЖУВА...

Посета на културно-историски знаменитости

Учениците од трето одделение, во рамките на проектот „Охридска археолошка азбука“, реализираа едукативна настава на отворено, исполнета со дружење, нови знаења и прекрасни доживувања....

15 Мај – Ден на македонското знаме

Третооделенците од нашето училиште го одбележаа 15 Мај – Денот на македонското знаме, преку низа активности посветени на државните симболи, љубовта кон татковината и...

Еднодневна едукативна екскурзија

Учениците од трето одделение реализираа еднодневна едукативна екскурзија исполнета со дружење, нови знаења и убави доживувања. Во рамки на екскурзијата тие го посетија археолошкиот...

Сојуз на училишен спорт – Охрид

На 11.05.2026 во организација на Сојуз за училишен спорт-Охрид со поддршка на Општина Охрид и Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид се одржа...

🌱 Еко час во нашето училиште 🌱

🌱 Еко час во нашето училиште   На 8 мај, во рамки на државната иницијатива на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, во нашето училиште се одржа Еко час на тема: „Настанување на смог и неговото влијание врз животната средина и врз луѓето“.  Еко часот беше реализиран со голема посветеност од страна на наставничката по биологија Мимоза Костоска, која заедно со учениците спроведе практични активности и дискусии.  Учениците научија:  како се создава смогот,  кои се неговите последици врз воздухот и здравјето,  и кои мерки можеме да ги преземеме за да го намалиме неговото штетно дејство.  📘 Активностите беа спроведени според прирачниците кои содржат над 130 предлози со насоки и видео упатства.  Со оваа иницијатива ја поврзавме наставата со практичната работа на терен, поттикнувајќи ги учениците активно да се вклучат во грижата за животната средина преку чистење, пошумување и зачувување на природата.  🙌 Благодарност до сите ученици и наставници, за нивната посветеност и придонес во подигнување на свеста за чиста и здрава животна средина.  Во прилог ги доставуваме следниве фотографии: