🌱 Еко час во нашето училиште 🌱

0
Соопштенија

🌱 Еко час во нашето училиште  

На 8 мај, во рамки на државната иницијатива на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, во нашето училиште се одржа Еко час на тема: „Настанување на смог и неговото влијание врз животната средина и врз луѓето“. 

Еко часот беше реализиран со голема посветеност од страна на наставничката по биологија Мимоза Костоска, која заедно со учениците спроведе практични активности и дискусии. 

Учениците научија: 

  • како се создава смогот, 
  • кои се неговите последици врз воздухот и здравјето, 
  • и кои мерки можеме да ги преземеме за да го намалиме неговото штетно дејство. 

📘 Активностите беа спроведени според прирачниците кои содржат над 130 предлози со насоки и видео упатства. 

Со оваа иницијатива ја поврзавме наставата со практичната работа на терен, поттикнувајќи ги учениците активно да се вклучат во грижата за животната средина преку чистење, пошумување и зачувување на природата. 

🙌 Благодарност до сите ученици и наставници, за нивната посветеност и придонес во подигнување на свеста за чиста и здрава животна средина. 

Во прилог ги доставуваме следниве фотографии: