Посета на културно-историски знаменитости

0
Соопштенија
Учениците од трето одделение, во рамките на проектот „Охридска археолошка азбука“, реализираа едукативна настава на отворено, исполнета со дружење, нови знаења и прекрасни доживувања.
Во текот на наставата ги посетија Охридскиот чинар, Света Богородица Каменско, Горна Порта, Античкиот театар, црквата „Богородица Перивлепта“, старото дрво „Кочеџик“, Варош – старото охридско маало и Долна Порта, каде имаа можност непосредно да се запознаат со богатото културно и историско наследство на Охрид.
Оваа посета придонесе учениците да ја развиваат својата културна свест, чувството за национална припадност и љубовта кон татковината, со посебен осврт на градот Охрид.
Воедно, кај нив дополнително се поттикна љубопитноста за истражување, учење и посетување на културно-историски знаменитости.