Млади физичари

0
Соопштенија

На 16.11.2023 год. на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа 45тата Школа млади физичари.

Во рамките на настанот беше организиран натпревар во изработки, демонстрации и екстерименти, како и предавања на актуелни и интересни теми од различни обласни од физиката.

Нашето училиште ООУ Христо Узунов-Охрид, учествуваше на Школата со вкупно 27 изработки, демонстрации и експерименти со чие изведување на истите ја воодушеви комисијата и публиката на настанот. Најмногу среќа да бидат наградени имаа следните ученици:

Прва награда: Мила Ангелоска IX-5, Тамара Чолеска IX-4, Сара Цветкоска IX-1;

Втора награда: Елена Попоска IX-4,  Андреј Крстески IX-5, Дарија Силковска VIII-2, Софија Ристоска VIII-2, Калина Ристеска VIII-2, Драгана Николоска VIII-2;

Трета награда: Александар Спироски IX-4, Стефан Мургоски IX-4.

Најважно од се е дека сите учесници имавме прекрасно поминат ден во кој се стекнавме со знаења од физиката, но исто така научивме да се дружиме, да се поддржуваме меѓусебно, да се натпреваруваме, да презентираме, победуваме, губиме, …

Ментор: Вера Зороска