Покана

0
Соопштенија

Почитувани,

По повод 3-ти Декември, Меѓународен ден на лицата со попреченост, со цел подигнување на свеста за правата на овие лица, како и создавање позитивна инклузивна клима во нашето училиште, организираме мал настан под мотото:

„СО ЉУБОВ ВО СРЦАТА ДО ТОЛЕРАНЦИЈА ВО ДЕЛАТА“

Учениците преку свои литературни и ликовни творби, музички и драмски точки како и презентации за љубов, толеранција и соработка, ќе ја покажат нашата заложба да се изгради одржлива, инклузивна и праведна иднина за сите.

За таа цел организираме и продажна акција на зимница, чии средства ќе бидат наменети за набавка на одредени уреди од асистивната технологија или сензорни помагала за нашето училиште.

Ве покануваме на 1-ви декември, во 12ч и 30 мин, во спортската сала при ООУ „Христо Узунов“ – Охрид.

НАШЕТО МАЛКУ ЗА НЕКОГО ЗНАЧИ МНОГУ! ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!

ООУ „ Христо Узунов “ – Охрид