10 Октомври, По повод Светски ден на ментално здравје
Ментално здравје – Сите седмооделенци
Чувство за добросостојба, самодоверба и самопочит ни овозможуваат да уживаме во целост и да ги почитуваме другите луѓе, секојдневието и средината.
За да се справуваме со животните предизвици, да ги употребуваме своите потенцијали и способности како и да формираме исполнувачки врски, потребно ни е добро ментално здравје.
Што тоа значи, како да го подобриме и како да го негуваме, интерактивно, со примери, картички и пораки, разговаравме со седмооделенците. Како иза тоа колку своето добро ментално здравје би се одразувало на нашата перцепција кон поразличните околу нас, спремност за помагање, прифаќање и емпатија.
Менталните здравствени потешкотии влијаат врз мислите, чувствата и однесувањето. Да се грижиме за своето ментално здравје, тогаш сме со чувство на среќа и благосостојба. Добро ментално здравје, клуч за позитивна општествена клима.
Да се грижиме за менталното здравје, не се сите лузни видливи,
Обидете се да бидете виножито во нечиј облак!
Билјана Аслимоска