Роби работилница

0
Соопштенија

13, 16 Ноември, по повод Светски ден на љубезност и толеранција

Роби Работилници, сите четврто и петто одделенци

Лубезност и Толеранција

Светот ги одбележува, одбележуваме и ние!

Одбележувајќи ги деновите на Љубезност и Толеранција, ги повторивме знаењата на овие теми и научивме нешто повеќе низ проблемски ситуации од секојдневието.

Гостин на овие часеви ни беше роботот Роби, со цел вметнување на технологијата во наставата како и укажување на можностите за интердисциплинарен пристап и интегрирана настава.

Љубезноста може да значи различни работи за различни луѓе. Значењето е во тоа како ВИЕ избирате да го покажете тоа.

Било да е преку емпатија, прифаќање, љубезни гестови, промисленост, можностите целосно зависат од вас. Љубезноста може да изгледа како да помагаш или да покажуваш емпатија.

Тоа може да значи правење убави работи без да очекувате убави работи за возврат.

Љубезноста е благодат, бидете љубезни.

Толеранција е взаемна почит преку взаемно разбирање. Изворот на толеранција е љубовта. Толеранцијата ја препознава индивидуалноста и различноста.Толеранцијата е способност да се соочиш со сложени ситуации. Толерирај различност, прифати, почитувај и сакај!

Весели лица, љубезност и толеранција еден тон! Нека ги има уште повеќе!

Билјана Аслимоска