Месец на книгата

0
Соопштенија

,, Нема поумен и помудар од оној кој со книга другарува .̎

По повод одбележувањето на месецот на книгата учениците од третите одделенија заедно со своите учителки, реализираа низа активности со едниствена цел и покрај напливот на новите технологии да се обидеме да ги поттикнеме децата повеќе да се дружат со пишаниот збор.

Со љубов книга подари, библиотеката ќе ти заблагодари.
Посета на училишната библиотека

Стекнуваме навики за читање
Читај книга! Куќа без книги е како соба без прозорци!

Кои се придобивките од читање книги?

  1. Проширување на речникот и знаењето.
  2. Читањето го подобрува помнењето.
  3. Зголемување на способноста за размислување.
  4. Зголемување на способноста за размислување.
  5. Подобрување на концентрацијата.
  6. Читањето ја подобрува емпатијата.
  7. Читањето е забавно.

Траен спомен за учениците. Блиска средба на учениците со авторката Марина Шикова Димовска.
За писaтелите и поeтите доказ дека пишаниот збор допира до детската душа, а за децата инспирација за творештво и здрава имагинација. Внимателни, подготвени да запознаат нови светови, учениците слушаа за професијата писател и за значењето на пишаниот збор.