
Пред неколку денови во нашето училиште ООУ „ Христо Узунов “ – Охрид родителите и учениците забележале полициски службеници.
Ова беше причина во јавноста да се „ исплетат “ разни приказни дека немил настан се случил во училиштето, што секако не е точно.
Трагедијата да биде уште поголема приказни се ширеше и преку пораки на социјалните мрежи.
Токму поради тоа од нашето училиште испратија официјално соопштение преку кое објаснуваа се.
Истото ви го пренесуваме во целост и апелираме да не наседнувате на секакви приказни во интерес на децата.
- ООУ „ Христо Узунов “ – Охрид најстрого ги демантира шпекулациите изнесени во јавноста за наводно немили настани случени во училиштето.
- Најодговорно во мое име како директор на училиштето и во име на сите вработени наставници, педагог, дефектолог, психолог и сите останати вработени во училиштето тврдам дека во ООУ„ Христо Узунов “ нормално се одвива наставниот процес, посветена грижа на наставниците кон учениците, и грижа за нивните активности за училишниот одмор посебно нагласувајќи на учениците дека одморите треба да се поминат во кругот на училиштето.
- Најодговорно ја информирам јавноста дека воспитно – образовниот процес во ООУ „ Христо Узунов “ го изведуваат стручни лица кои не дозволуваат самоволно однесување на било кој ученик и во таа насока секој обид на секој ученик за однесувањето од училишниот правилник ИТНО се решава во комуникација преку нашите педагошко – психолошки служби и родители.
- Посебно нагласувам дека ООУ „ Христо Узунов “ е широко образовна институција кон родителите со цел низ различни форми на партнерство , да се вложат заедничи напори за подигнување на степенот на образовна култура кај најмаладите и во тој контекст за подигнување на нивната безбедносна култура за што имаме постојана соработка со СЕКТОРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА и се разбира со СВР – Охрид чии претставници редовно спроведуваат едукативни безбедни кампањи.
- На крај сакам уште еднаш да нагласам : Во ООУ „ Христо Узунов “ НЕМА настан каков што е пласирано во јавноста и со жалење морам да констатирам се работи за тенденциозни шпекулации со кое одредено лице се обидува да ја манипулира јавноста и да го наруши угледот на нашето училиште.
- Ги уверувам граѓаните , родителите и нашите ученици дека ООУ„ Христо Узунов “ е безбеден училишен центар и целиот наставнички кадар со мене нема да дозволи нарушување на угледот на училиштето и нашата докажана грижа за правилни едукации и грижа за учениците.
- Директор на ООУ „ Христо Узунов “ Охрид м- р Марина Ѓоргоска