🌱 Еко час во нашето училиште На 8 мај, во рамки на државната иницијатива на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, во нашето училиште се одржа Еко час на тема: „Настанување на смог и неговото влијание врз животната средина и врз луѓето“. Еко часот беше реализиран со голема посветеност од страна на наставничката по биологија Мимоза Костоска, која заедно со учениците спроведе практични активности и дискусии. Учениците научија: како се создава смогот, кои се неговите последици врз воздухот и здравјето, и кои мерки можеме да ги преземеме за да го намалиме неговото штетно дејство. 📘 Активностите беа спроведени според прирачниците кои содржат над 130 предлози со насоки и видео упатства. Со оваа иницијатива ја поврзавме наставата со практичната работа на терен, поттикнувајќи ги учениците активно да се вклучат во грижата за животната средина преку чистење, пошумување и зачувување на природата. 🙌 Благодарност до сите ученици и наставници, за нивната посветеност и придонес во подигнување на свеста за чиста и здрава животна средина. Во прилог ги доставуваме следниве фотографии: