✨️ МАГИЧНИОТ КУФЕР ✨️

0
Соопштенија
✨️ МАГИЧНИОТ КУФЕР ✨️
Танцово-театарска интерактивна претстава за деца
Во нашето училиште на ден 20. 5. 2026год., се одигра претставата „Магичниот куфер“ во продукција на СТИКМЕН, Скопје, со изведувачи Јована Зајкова, Бојан Лазаров и Талија Ѓорѓиева.
Преку танц, музика и игра, децата ја следеа приказната за Мила – девојче кое открива магичен куфер и тргнува на патување низ светот. 🌏💃
Претставата имаше интерактивен карактер: учениците активно учествуваа и учеа за култури и традиции, почитување на разликите и самодоверба.
Завршниот дел беше посветен на Македонија, претставена со гордост и радост, а финалето донесе весел заеднички танц. 🥰