Ден исполнет со историја , култура и инспирација

0
Соопштенија
Денес имавме можност да посетиме две значајни културно-историски места во Битола –
✌️спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк и
✌️Народен театар Битола.
Посетата беше прекрасна можност да се запознаеме со дел од историјата, културата и наследството што ги поврзува генерациите. 👉Во просторот каде што се школувал Ататурк, се потсетивме колку образованието, идеите и личниот развој можат да остават трага низ времето.
👉Во Народниот театар ја почувствувавме вредноста на уметноста и нејзината улога во создавање културен идентитет.
 Како најстар театар во Македонија, ова место продолжува да ја раскажува приказната за творештвото и сценската уметност.
♥️♥️Благодарни за денот исполнет со знаење, инспирација и нови впечатоци – затоа што секоја посета е нова можност да учиме, чувствуваме и растеме. ✨
Во прилог ги доставуваме следниве фотографии:
Исто така, со ученици од нашето училиште, со задоволство, го посетивме ОУРЦ Кочо Рацин – Битола. Посетата помина во пријатна, топла и инспиративна атмосфера исполнета со дружење, учење и заеднички активности.
Учениците имаа можност поблиску да се запознаат со работата на нашиот ресурсен центар, просториите и услугите кои ги нудиме, како и со активностите што секојдневно се реализираат со цел поддршка, развој и инклузија на секое дете.
Во рамки на посетата беше реализирана и инклузивна работилница по повод 22 Мај – Светски ден на биодиверзитетот. Преку креативни активности, дружење и тимска работа, учениците испратија силна порака за важноста од зачувување на природата, биодиверзитетот и грижата за животната средина.
Оваа средба уште еднаш покажа дека преку заедништво, соработка и инклузија создаваме пријателства, убави спомени и средина во која секој се чувствува прифатен и вреден. 💚🌍
Во прилог ги доставуваме следниве фотографии: