15 Мај – Ден на македонското знаме

0
Соопштенија

Третооделенците од нашето училиште го одбележаа 15 Мај – Денот на македонското знаме, преку низа активности посветени на државните симболи, љубовта кон татковината и почитувањето на националниот идентитет. Учениците со голем интерес изработуваа цртежи, знамиња и пораки, а преку разговор и презентации дознаа повеќе за значењето и симболиката на македонското знаме.

Во пријатна и свечена атмосфера, учениците со гордост го истакнаа македонското знаме и покажаа дека ја сакаат и почитуваат својата татковина.

Во прилог ви ги доставуваме следниве фотографии од реализираните активности: 📸