Училишен ракометен тим 🏆

0
Соопштенија
🏆 Традицијата продолжува!
Денес, училишниот ракометарскиот тим заедно со наставникот Јордан Зиврев, го врати ракометниот пехар во училиштето по повод освоеното второ место на турнирот организиран од РШ Седмерец.
Пехарот беше свечено предаден на директорката Марина Ѓоргоска, како дел од долгогодишната практика со која се одбележуваат успешните резултати на нашите ученици.Со широки насмевки и силни емоции, пехарот беше свечено предаден на директорката Марина Ѓоргоска, која секогаш стои зад успехот на учениците и несебично го поддржува спортот во училиштето.
💙🤾‍♂️ Овие ученици уште еднаш покажаа дека со труд, срце и тимска игра се постигнуваат големи работи.
Горди сме на нив – и продолжуваме уште посилни! 🙌🔥