Во рамки на програмата посветена на Св. Климент – Патрон на градот Охрид, вчера во големата сала на Општина Охрид беше промовирано второто издание на „Охридската Археолошка азбука“ од авторите проф. д-р Антонио Јакимовски, д-р Елизабета Томевска- Илиевска, м-р Маја Јаневска и м-р Иван Малезанов.
Книгата е наменета за третоодделенците од охридските основни училишта за да помогне во нивното јазично и археолошко описменување.
На промоцијата учествуваа и нашите третоодделенци со наставничките Весна Шопоска,Соња Недеска, Гордана Велјаноска и Татјана Буџакоска.
Со овој настан направен е значаен чекор кон доближувањето на нашето богато културно и археолошко наследство на најмладите.
Оваа богата илустрирана археолошка читанка за деца од утре ќе им биде достапна на сите третоодделенци во нашето училиште.
