🔔✨ ВНИМАНИЕЕЕ!!! ✨🔔
Од утре започнуваат да се емитуваат видеата од серијалот „Знаењето е моќ!“ 🎬📚 во кои главни актери се учениците на нашето училиште 👧🧒.
Ако во нешто треба да се вложува — тогаш тоа е во срцата на најмладите ❤️. Ова е уште еден пример како ние, наставниците, вложуваме во нив, како преку нашите дела го храниме духот на овие млади луѓе 🌟 и покажуваме дека она што го правиме не е залудно. Преку нашите мали видеа 🎥, заедно со нашите ученици, ја истакнуваме важноста на образованието 📖✨.
Овој серијал е целосно осмислен од наставничките по англиски, германски и македонски јазик —
Марија Мостро, Бојана Цветаноска и Христина Стојаноска 👩🏫💛, во кои е вложен многу труд, посветеност и љубов во секој чекор од процесот 💪💛.
Подолу можете да ѕирнете 👀 дел од атмосферата и како изгледаше снимањето на видеата 🎬✨.
