Ноември – месец на науката

0
Соопштенија
Изминатиот викенд на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката“ за учениците од основното образование во нашата држава. 
Нашето училиште со ученичката Александра Петреска од IX одд. и нејзиниот ментор Слаѓана Митреска се претставија со темата ,,Математиката во траговите на нашите прсти“ каде теоријата на графови во математика беше искористена за анализирање и моделирање на отпечатоците од прсти.
Александра покажа дека апаратите за идентификација на отпечатоци од прсти всушност користат многу математика „во позадина“.  
Со ова таа ја освои Првата награда на оваа манифестација од областа на математиката за IX одделение.
Браво за Александра која со својот талент покажа дека математиката не е само бројки и дека трудот, љубопитноста и желбата за знаење секогаш носат резултати.
 
Исто така на ден 22.11.2025 година на природно математичкиот факултет во Скопје се одржа настанот ” Ноември – месец на науката” – голем настан за популаризација на природните науки .
Учениците од нашето училиште од VI одделение изведуваа експерименти од природните науки.
Покажаа дека се вистински млади истражувачи и идни научници – креативни , љубопитни , мотивирани  и секако наградени.
VI одделение – Јована Илиевска III награда
VI  одделение –  Евгенија Китановска III награда
Ментор : Лиле Белева