Оглас за упис на ученици во прво одделение

0
Соопштенија

Врз основа на член 60, став 1,2,3,4,5, 6  и 7 член 25 став 3,4,5,6 од СЛ весник на РСМ од 3 Јануари 2025 год. од Законот за основно образование (Сл.Весник на Северна Македонија бр.161/19) ООУ „Христо Узунов” – Охрид распишува

О Г Л А С

За запишување на деца во прво одделение во учебната 2025/2026

 

Услови за упис:

  1. Децата да се родени од 01.01.2019 до 31.12.2019 година
  2. Да имаат примено задолжителни вакцини
  3. Да имаат извршено стоматолошки преглед
  4. Да имаат извршено офталмолошки (очен) преглед

Потребни документи за упис:

  1. Извод од матичната книга на родени (може и стар или копија)
  2. Копија од лична карта
  3. Потврда за примени вакцини (од одделение за вакцинација)
  4.  Потврда за стоматолошки преглед (од Детска превентивна стоматологија со претходно закажување на термин на телефон:
  5. 078 384-557 од 05.05.2025)
  6. Потврда за офталмолошки (очен) преглед од надлежна здравствена установа

  1. При запишување на дете со попреченост во прво одделение, родителот/старателот е должен да достави и мислење-функционален профил од Системот за проценка на лица со попреченост. Доколку нема проценка од системот за проценка на лица со попреченост, истото може да го набави во текот на летниот период и да го достави во училиштето најдоцна до почетокот на учебната година. Закажувањето на проценката е на следниот email: [email protected] тел. 075 437 902

Забелешка:

  • Во прво одделение може да се запишат и деца родени до 31.01.2020 година по претходно барање на родителот/старателот и по добиено мислење од педагогот/психологот во училиштето.За таа цел децата ќе бидат тестирани.
  • Запишувањето на детето, на барање на родителот, односно старателот, здравствената установа може да го одложи за една година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.
  • Децата кои не се вклучени во настава, а се со надмината возрасна граница, може да се запишат во основно училиштето согласно членот 14 од Законот за основно образование.
  • Списокот на запишани првачиња за учебната 2025/2026 година ќе биде истакнат на огласна табла на Училиштето на 15.06.2025 година и на web страната на училиштето: ouhristouzunov.edu.mk
  • Поднесувањето на документи за упис ќе се врши во училиштето во канцеларијата на педагогот/психологот од 08:00 до 18:00 часот во периодот од 02.05.2025 до 31.05.2025
  • Родителот/старателот треба да обезбеди и присуство на своето дете.

Комисија за упис на првачиња:

Дијана Јулоска – претседател на Комисија (педагог)

Билјана Аслимоска – дефектолог

Ивана Героска Трпеска – психолог

Соња Јовева – одделенски наставник

тел. 046 266 640

email: [email protected]

28.04.2025                                                                                                                         Директор

     Охрид                                                                                                                      Марина Ѓоргоска