Врз основа на член 60, став 1,2,3,4,5, 6 и 7 член 63 став 3 од Законот за основно образование (Сл.Весник на Северна Македонија бр.161/19) ООУ „Христо Узунов” – Охрид распишува
О Г Л А С
За запишување на деца во прво одделение во учебната 2024/2025
Услови за упис:
- Децата да се родени од 01.01.2018 до 31.12.2018 година
- Да се жители на реонот во кој припаѓа училиштето
- Да имаат примено задолжителни вакцини
- Да имаат завршено офталмолошки (очен) преглед
Потребни документи за упис:
- Извод од матичната книга на родени (може и стар или копија)
- Копија од лична карта
- Потврда за примени вакцини (од одделение за вакцинација)
- Потврда за стоматолошки преглед (од Детска превентивна стоматологија со претходно закажување на термин на тел: 078 384-557 од 09.05.2024)
- Потврда за офталмолошки (очен) преглед од надлежна здравствена установа
- При запишување на дете со попреченост во прво одделение, родителот/старателот е должен да достави и мислење-функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна,социјална и здравствена поддршка според МКФ. Доколку нема МКФ проценка, истото може да го направи во текот на летниот период и да го достави во училиштето најдоцна до почетокот на учебната година. Закажувањето на МКФ проценка е на следниот email: [email protected] тел. 075 437 902
Забелешка:
- Во прво одделение може да се запишат и деца родени до 31.01.2019 година по претходно барање на родителот/старателот и по добиено мислење од педагогот/психологот во училиштето.За таа цел децата ќе бидат тестирани.
- Запишувањето на детето, на барање на родителот, односно старателот, здравствената установа може да го одложи за една година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.
- Децата кои не се вклучени во настава, а се со надмината возрасна граница, може да се запишат во основно училиштето согласно членот 14 од Законот за основно образование.
- Доколку има слободни места училиштето може да запише и деца од друг реон, ако за тоа родителот добие Согласност од училиштето во кое сака да го запише детето и Согласност од училиштето каде реонски припаѓа.
- Списокот на запишани првачиња за учебната 2024/2025 година ќе биде истакнат на огласна табла на Училиштето на 15.06.2024 година и на web страната на училиштето: ouhristouzunov.edu.mk
- Поднесувањето на документи за упис ќе се врши во училиштето во канцеларијата на педагогот/психологот од 08:00 до 18:00 часот во периодот од 07.05.2024 до 31.05.2024
- Родителот/старателот треба да обезбеди и присуство на своето дете.
Комисија за упис на првачиња:
Дијана Јулоска – претседател на Комисија (педагог)
Билјана Аслимоска – дефектолог
Ивана Героска Трпеска – психолог
Наташа Групчева Пупиноска – одделенски наставник
тел. 046 266 640
email: [email protected]
25.04.2024 Директор
Охрид Марина Ѓоргоска