Од сон до реалност

0
Соопштенија

 Од сон до реалност! 

Деновиве од Лондон пристигнаа медалите и сертификатите за учесниците на International – World Innovative Student Exhibition- iWISE, кои беа свечено доделени од стана на директорката на ООУ„ Христо Узунов“-Охрид, Марина Ѓоргоска. 

Станува збор за следното: два тима ученици и тоа пет од ООУ „Христо Узунов“- Охрид и еден ученик од ОСУ „Св. Климент Охридски“-Охрид (вкупно 6 ученика), под менторство на наставничката по физика Вера Зороска учествуваа  во виртуелното финале iWISE( онлајн прелиминарна рунда која им дава шанса на учениците да ја покажат својата креативност и иновативност).  

Своите проекти тимовите ги претставија пред тричлена комисија која  оценуваше иновативност, креативност и применливост на решенијата, притоа целата комуникација се одвиваше онлајн на англиски јазик. 

 На натпреварот едниот тим освои прва награда, додека другиот тим втора награда или златен и сребрен медал, соодветно, и двата тима во категоријата STEM, област- физика и се стекнаа со можност своите иновативни решенија да ги претстават на глобалниот натпревар во Лондон, Англија, кој ќе се одржи во периодот од 19-24 Август. 

Им посакуваме успех во Лондон, достојно да го претстават градот Охрид и државата, како единствени учесници од Македонија! 

За повеќе детали, по враќањето од Лондон!