Оглас за упис на првачиња

0
Соопштенија

Врз основа на член 60, став 1,2,3,4,5, 6  и 7 член 63 став 3 од Законот за основно образование (Сл.Весник на Северна Македонија бр.161/19) ООУ „Христо Узунов” – Охрид распишува

 

 

О Г Л А С

За запишување на деца во прво одделение во учебната 2024/2025

 

Услови за упис:

  1. Децата да се родени од 01.01.2018 до 31.12.2018 година
  2. Да се жители на реонот во кој припаѓа училиштето
  3. Да имаат примено задолжителни вакцини
  4. Да имаат завршено офталмолошки (очен) преглед

 

Потребни документи за упис:

 

  1. Извод од матичната книга на родени (може и стар или копија)
  2. Копија од лична карта
  3. Потврда за примени вакцини (од одделение за вакцинација)
  4. Потврда за стоматолошки преглед (од Детска превентивна стоматологија со претходно закажување на термин на тел: 078 384-557 од 09.05.2024)
  5. Потврда за офталмолошки (очен) преглед од надлежна здравствена установа
  6. При запишување на дете со попреченост во прво одделение, родителот/старателот е должен да достави и мислење-функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна,социјална и здравствена поддршка според МКФ. Доколку нема МКФ проценка, истото може да го направи во текот на летниот период и да го достави во училиштето најдоцна до почетокот на учебната година. Закажувањето на МКФ проценка е на следниот email: [email protected] тел. 075 437 902

 

Забелешка:

  • Во прво одделение може да се запишат и деца родени до 31.01.2019 година по претходно барање на родителот/старателот и по добиено мислење од педагогот/психологот во училиштето.За таа цел децата ќе бидат тестирани.
  • Запишувањето на детето, на барање на родителот, односно старателот, здравствената установа може да го одложи за една година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.
  • Децата кои не се вклучени во настава, а се со надмината возрасна граница, може да се запишат во основно училиштето согласно членот 14 од Законот за основно образование.
  • Доколку има слободни места училиштето може да запише и деца од друг реон, ако за тоа родителот добие Согласност од училиштето во кое сака да го запише детето и Согласност од училиштето каде реонски припаѓа.
  • Списокот на запишани првачиња за учебната 2024/2025 година ќе биде истакнат на огласна табла на Училиштето на 15.06.2024 година и на web страната на училиштето: ouhristouzunov.edu.mk
  • Поднесувањето на документи за упис ќе се врши во училиштето во канцеларијата на педагогот/психологот од 08:00 до 18:00 часот во периодот од 07.05.2024 до 31.05.2024
  • Родителот/старателот треба да обезбеди и присуство на своето дете.

 

 

 

 

Комисија за упис на првачиња:

Дијана Јулоска – претседател на Комисија (педагог)

Билјана Аслимоска – дефектолог

Ивана Героска Трпеска – психолог

Наташа Групчева Пупиноска – одделенски наставник

тел. 046 266 640

email: [email protected]

 

 

 

25.04.2024                                                                                                                         Директор

Охрид                                                                                                                      Марина Ѓоргоска

 

Oglas-za-prvacinja.docx