На 28.12. среда учениците од трето и петто одделение под менторство на наставничките Цвета Лечоска, Весна Шопоска, Васе Толоманоска, Соња Војдиноска, Гордана Велјаноска и Татјана Буџакоска како и педагогот Дијана Јулоска и специјалниот едукатор Билјана Аслимоска организираа предновогодишна приредба. Со песна и игра и весела атмосфера ја испратија старата и се подготвија да ја пречекаат Новата 2023 година. Воедно на сите ученици и вработени во нашето училиште им ја честитаа Новата година.
















