✅На ден 19.5. 2022 година учениците од нашето училиште беа поканети да го следат
детскиот музички фестивал „Распеано рибарче 2022“. Учениците од четврто одделение со
наставничките Весна Шопоска, Весна Кувенџиева Коцарева, Соња Војдиноска, Гордана
Велјаноска, Татјана Буџакоска, инклузивниот дефектолог Билјана Аслимоска и образовниот асистент Мартина Шурбаноска денот го искористија за реализрање на настава надвор од
училница.??
✅Во рамките на наставната програма по историја и општество тема „Мојата држава“??
учениците од четврто одделение како дел од наставната единица „Мултикултурниот и мултиетничкиот
карактер на државата„ реализираа во црквата Вознесение на Света Богородица Каменско? и во
Алипашината џамија? во нашиот град. Таму од блиску се запознаа со градбата, значењето и
однесувањето во верските објекти. Ги согледаа сличностите и разликите помеѓу верските објекти
и дел од обичаите на верниците.?? Воедно беа посетени и дел од занаетчиите во старата охридска
чаршија.??
✅Во рамките на наставната програма по техничко образование и информатика тема
„Сообраќајна култура“ се реализира наставната единица „Основни елементи на патот во јавниот
сообраќај (коловоз, ознаки на коловоз, тротоар, пешачки премин, пешачки остров, пешачка патека,
велосипедска патека)“. Учениците на улица ги видоа, препознаа и од блиску ги запознаа основните
елементи на патот во јавниот сообраќај (коловоз, ознаки на коловоз, тротоар, пешачки премин,
пешачки остров, пешачка патека, велосипедска патека).![]()
✅Учениците со внимание и со воодушевување го проследија детскиот музички фестивал
„Распеано рибарче 2022“. Воодушевувањето беше поголемо со настапот на дел од нашите
ученици на фестивалот.?♀️??





















