✅Во периодот од март до мај 2022 год. 10 ученици од нашето училиште од VIII одделение, под менторство на наставничката Вера Зороска, учествуваа во етвиннинг проектот „ Paleografski ambasadori – Međunarodni dan maternjeg jezika 2022. godine / International Mother Language day 2022“,??креиран од авторот Едита Керво од Мостар, Босна и Херцеговина.??
?Во проектот учествуваа ученици, припадници на различни култури од Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска и Македонија.???????? Станува збор за прекрасен проект каде учениците следат интерактивни предавања од еминентни предавачи, стручни лица во јазичните области од гореспоменатите држави. Преку овој проект учениците ги проширија знаењата во врска со историјата за писмото и јазикот на српскиот, хрватскиот и босанскиот народ,?????? стекнаа ИКТ вештини?, како и многу пријателства со ученици на иста возраст. ?Со тоа успешно се реализира целта на проектот: будење интерес, отвореност и почитување на припадниците од другите националности и религии, јазична интеракција во различни општествени и културни опкружувања, внимателност и критичност при користење на ИКТ за истражување, работа, забава и комуникација.??????????


