✅Првата пратка од вредната донација на МОН наменета за ООУ „Христо Узунов“ пристигна во училиштето. Таа е само дел од големата опрема која МОН ќе ја достави во училиштето во текот на наредниот период.
?Набавката на оваа опрема се изведува во рамките на Проектот за унапредување на основното образование, каде предмет на набавка е опрема и наставни средства за природната група на предмети. Тоа е во рамките на новиот концепт и новите програми за основно образование??, при што МОН ги подобрува капацитетите со обезбедување потребни ресурси при изведување на наставата и другите дополнителни активности од природната група предмети?.Имено, првата фаза од овој проект беше опремување на кабинет за природни науки со инвентар специјално дизајниран за лабораторија по Природни науки. Во следниве две фази, овој кабинет се опремува со нагледни средства. ?????⚗️
?Мора да се истакне дека ваков вид на инвентар и наставна опрема, со огромна вредност, никогаш до сега не бил доставен од страна на ниту една институција. ООУ „Христо Узунов“ спаѓа во ТИП 1 училишта од овој проект, што значи дека ќе добие опрема од најголема вредност. Како дел од она што е добиено може да се спомнат дигитални микроскопи, лупи со лед светло, дигитални апарати за мерење притисок, микроскопски препарати, многу различни микропипети, епрувeти, мензури, термометри, други лабораториски препарати, модели на делови од човечкото тело (скелети,модел на ДНА мозок, кожа, око, срце итн.), дигитални лабораториски ваги, сетови од тегови, електроскопи,волтметри,галванометри, амперметри, демонстратори на различни закони од физика и хемија…и уште многу препарати, апарати, и др. наставни средства, сетови од четки и препарати за чистење на овие нагледни средства ?????⚗️ . Притоа се доставени голем број лабораториски бели мантили, како и заштитни ракавици отпорни на топлина и сеченици за сите ученици кои ја следат таа настава. Со сето ова се подобруваат условите за работа и учење, се олеснува изведувањето на наставата, посебно на практичниот дел, наставата станува многу поинтересна бидејќи не е само сувопарна теорија и знаењето станува долготрајно. ?
Директор,
Оливија Пирузева Јанева