✅Во рамките на реализација на темата Мојата држава –Минатото на современата македонска држава?? по наставниот предмет историја и општество?, на ден 29.3.2022 година, учениците од четврто оделение остварија посета на историскиот музеј – Спомен куќа на Христо Узунов?. Во музејот учениците поблиску се запознаа со животот и делото на Христо Узунов, многу предмети и оружја користени за време на отпорот кон османлиската власт, писма и документи?, како и со акциите во илинденскиот период во Охрид и охридско.
✅ Учениците ги посетија и бистите на борците од илинденскот период Христо Узунов и Методија Патче, и борците во НОБ Андон Дуков и Спас Банџов.??
✅Попатно учениците ја посетија НУ библиотека Григор Прличев Охрид каде во тек е саем на книги на познати наши и светски автори?.
✅ Го посетија и детското одделение на библиотеката, каде се запознаа со многу наслови и автори на литература за деца?.
✅ Во рамките на реализација на темата Средината во која живеам – Културно-историско наследство во Oпштината учениците ја набљудуваа старогратската охридска архитектура?, ја посетија црквата Света Софија? и беа присутни во работата на старите занаетчиски дуќани за рачна изработка на хартија? и филигран – сребрен накит?.
Спомен куќа на Христо Узунов???











Градска библиотека Григор Прличев Охрид – саем на книга?











Занаетчиски дуќан за рачна изработка на хартија?






Занаетчиска работилница за филигран – сребрен накит?







