Во периодот од 1.12.2021 до 24.12.2021г. се одржа меѓународен онлајн натпревар во изведување на експерименти PiA Physics in Advent, организиран од Германското друштво на физичари. Од нашето училиште учествуваа 20 ученици од осмо и деветто одделение. Во текот на тие 24 дена, навистина уживавме во многу забава, дружење, експериментирање… Дел од атмосферата ќе се обидеме да ја доловиме преку следните видеа. Најважно е дека 24 дена успеавме да го задржиме вниманието, со иста љубопитност и посветеност да демонстрираме, да ги бараме и наоѓаме физичките закони по кои се одвиваа промените, …,да ја негуваме љубовта кон физиката и науката!
???
Среќна Нова 2022 година, ви посакуваат “Младите физичари” од ООУ „Христо Узунов“ – Охрид
????
