На иницијатива на ученичките Драгана Танеска и Екатерина Балтоска во нашето училиште се организира ликовен конкурс за учениците од четврто одделение на тема „Моето најсакано нешто“ ❤️??

0
За родители, За ученици, Новости, Соопштенија

Иницијатива на ученичките Драгана Танеска и Екатерина Балтоска од IV-1 одделение. Во текот на изминатите две седмици  организиравме ликовен конкурс за учениците од четврто одделение на тема „Моето најсакано нешто“. На конкурсот учествуваа ученици од четврто одделение од нашето училиште. Жири комисијата додели три награди и пофали  уште пет други творби.  Во петокот на 17 декември во ходникот на училиштето беше поставена изложба со  наградените, пофалените и сите пристигнати цртежи. На мала свеченост пред учениците беа доделени и скромни награди.?

Ученичките иницијатори изразија голема благодарност за  поддршката до нашата директорка, наставникот по ликовно образование,    одделенските наставнички во четврто одделение, и секако, најголема благодарност до сите другарчиња  што масовно учествуваа на конкурсот и испратија многу цртежи.❤️??

Наградени ученици:

Прва награда Екатерина Балтоска IV-1 одд;

Втора награда Андреј Мазенкоски IV-1 одд;

Трета награда Дејана Мутишоска IV-1 одд.

Пофалени ученици:

Бисера Трајкоска IV-4 одд;

Дарија Андриеска IV-1 одд;

Новак Николовски IV-1 одд;

Катерина Балеска IV-5 одд;

Исидора Чингоска IV-2 одд.