Забавно на часовите по ФЗО во ООУ,,Христо Узунов” – Охрид ☺️?♀️?♀️?⛹️
Наставата по физичко и здравствено образование и спортување се повеќе завзема видно и значајно место во образованието и секојдневниот живот на младите. Во образовните системи на скоро сите земји во светот физичкото и здравственото образование е доминантно и секојдневно, особено кај децата од помала возраст на кои движењето и играта им се неопходност во развојот. Децата од предучилишното и основното образование имаат неопходна потреба од движење. на оваа возраст движењето е природна и животна потреба. Тие се наоѓаат во период во кој се случуваат многу значајни промени во растот и развојот и кај нив се карактеризираат определени биолошки, психички, моторички особини и способности како и определени форми на општествено однесување. Токму поради сето тоа голема и значајна е улогата на физичкото и здравственото образование кај учениците. Во согласност со наставниот план и програма и со целите што треба да се постигнат:
- образовна
- воспитна и
- функционална,
учениците треба да формираат поими да научат, усвојат и да формираат:
- навики
- ставови
- чувства
- почитување
- љубов
- воспитување
- да се осамостојат
- да препознаат
- да откријат
- да формираат и развијат представи
- уочивања
- забележување
- препознавање
- споредување преку наставните методи:
- метод на вербална комуникација
- метод на демонстрација
- метод на практично вежбање почнувајќи од вежби за организирано поставување и движење (застанување во редица, во две редици, колона, завртувања, движење во редица, колона, круг, вежби за обликување на телото, вежби за вратот, вежби за рамниот појас и рацете, вежби за трупот, вежби за карлица и нозе, вежби за истегнување и олабавување на мускули, правилно држење на тело, одење, трчање, скокање, фрлање, фаќање, лазење, качување, повлекување, вежби за рамнотежа, до најразлични игри од забавен и натпреварувачки карактер).
- Наставниците по ФЗО во соработка со одделенските наставници од прво и второ одделение презентираат како изгледаат дел од часовите по ФЗО во ООУ ,,Христо Узунов” – Охрид. Се надеваме ќе ви се допаднат и инспирираат 🙂 На видеото во прилог може да проследите дел од часовите по ФЗО во организација на:
Проф. Филип Силјаноски
Проф. Елена Аслимоска
Наставници во одделенска настава во прво и второ одделение.
Техничка подршка: проф. по информатика Елена Србиноска