СРЕДНОТО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „НИКО НЕСТОР“ – СТРУГА ОБЈАВУВА
К О Н К У Р С
ЗА НАДОБРА ЛИТЕРАТУРНА ТВОРБА, ЛИКОВНА ТВОРБА ИЛИ ВИДЕО ЗАПИС ЗА ДЕВЕТТOОДДЕЛЕНЦИТЕ
ОД СИТЕ ОСНОВИ УЧИЛИШТА ОД ОПШТИНА СТРУГА, ВЕВЧАНИ И ОПШТИНА ОХРИД
НА
ТЕМА:
„МОЈАТА ИДНА ПРОФЕСИЈА“
Право на учество на овој Конкурс имаат сите редовни ученици од деветто одделение од основните училишта на подрачјето на Општина Струга, Вевчани и Охрид.
Творбите, (литературните творби треба да бидат напишани во ворд документ) во три примероци, во затворен плик, со име и презиме на ученикот и училиште во кое учи, контакт адреса и телефон, најдоцна до 31.05.2021 година, треба да се достават
на следната адреса:
Средно општинско училиште „Нико Нестор“ – Струга, ул. Пролетерски бригади“ бр. 49 Струга (со назнака: За Конкурсот за тема „Мојата идна професија“) или на маил на училиштето: [email protected].
Изборот на најдобрите творби ќе го направи тричлена жири – комисија, формирана од СОУ „Нико Нестор“ – Струга.
За најдобрите три рангирани ученици следува награда:
- За освоено прво место- ТАБЛЕТ.
- За освоено второ место-мобилен телефон
- За освоено трето место-слушалки и компјутерско глувче.
РЕЗУЛТАТИТЕ ЌЕ БИДАТ ОБЈАВЕНИ НА 04.06.2021 ГОДИНА НА ВЕБ СТРАНАТА И НА ФЕЈСБУК СТРАНАТА ОД СОУ „НИКО НЕСТОР“ – СТРУГА, А УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ БИДАТ ЛИЧНО КОНТАКТИРАНИ.
СОУ „Нико Нестор“ – Струга