Наставничката по македонски јазик, Христина Наумоска, задавајќи им интересна домашна задача на учениците од деветто одделение докажа дека нашите ученици се креативни генијалци.
-„Учевме за шминката како изразно средство во филмот и решив на учениците да им зададам домашна задача така што побарав од нив со помош на шминка да се трансформираат во своите омилени филмски ликови.
Бев воодушевена од нивната посветеност и креативност. Сѐ сработија сами, јас само ги поттикнав! Ја постигнав својата цел, а моите ученици уживаа.“ – Х.Н.
Во продолжение споделуваме некои од најинтересните фотографии!