ЕДУИНО Амбасадор и амбасадор на нашето училиште – Марија Мостро

0
За наставници, За родители, За ученици, Новости, Соопштенија

Проследете го интервјуто од нашата наставничка по англиски јазик и ЕДУИНО Амбасадор Марија Мостро.

Во опис на видеото е следниот текст. Запознајте ја Марија Мостро, еден од нашите ЕДУИНО-амбасадори. Марија е наставник по англиски јазик во ООУ „Христо Узунов“ во Охрид и едукатор за пример. Благодарение на нејзината напорна работа и посветеност, нашата е-училница е побогата за 19 видеолекции изработени од нејзина страна. Дел од нив се видеолекциите за I одделение по предметот Англиски јазик: Претставување себеси и Детски играчки и за II одд – Присвојни придавки.

Нашите наставници се амбасадори на нашето училиште! Горди сме на Марија Мостро!