На 29.10.2024 во организација на Сојуз за училишен спорт-Охрид со поддршка на Општина Охрид и Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид се одржа Општинско првенство во Атлетика за Основни Училишта за IV и V одделение. Одделенците имаа можност да ги покажат своите перформанси на 60м. и уште еднаш покажаа одлични спортски квалитети.
Најуспешен од ООУ “Христо Узунов” денеска беше Јохан Ничевски од V одделение, кој го освои третото место.


